Град Скопје ќе нема милост: И Дипломатите ќе добијат блокатори ако не паркираат прописно


рад Скопје нема повеќе да ги толерира дипломатските возила кои не се прописно паркирани.

Од таму наведуваат дека сите странски претставништва во земјава се информирани и дека од сега натаму ќе треба возилата да ги паркираат исклучиво на предвидените паркинг места низ градот, додавајќи дека сите дипломатски возила кои се непрописно паркирани ќе имаат ист третман како и сите други возила од страна на ЈП „Градски паркинг“

„Контролорите на ЈП „Градски Паркинг“ секојдневно се соочуваат со непрописно паркирани возила со дипломатски таблички. Град Скопје стои на ставот дека законите треба да важат за сите, а и во Виенската конвенција за дипломатски односи се наведува дека дипломатските претставници треба да ги почитуваат локалните закони и прописи.“ – велат од Град Скопје.

Во Скопје свои амбасади или конзуларни претатвништва имаат педесетина држави, а во секоја има по десетици возила. Досега тие важеа за заштитени мечки, па ниту се казнуваа за непрописно паркирање, ниту за другите видови сообраќајни прекршоци

Инаку, минатава недела пајакот кренал 288 непропсино паркирани возила, а контролорите на паркинзи напишале и казни за 488 возила кои не платиле за услугата…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1