Градењето на патот на Водно ја оштети Маркова кула


Со градењето на патот за елитната населба Сончевград се оштетени дел од ѕидиштата од тврдината Маркова кула на Водно. Експертите од Управата за заштита на културното наследство и од Конзерваторскиот центар – Скопје излегле на терен и побарале стопирање на градежните зафати додека не се заврши процената на штетата. Според првичните информации, оштетувањата не биле големи и било реагирано навреме. Инцидентот се случил пред петнаесетина дена, потврдуваат од Управата, пишува Утрински Весник.

B69311C2A846C74988862F6A93602B3EИзградбата на патот околу Марково Крувче, долг 4,4 километри, предизвика голем револт меѓу скопјани, бидејќи се удри по белите дробови на градот. Механизацијата, всушност, кружи околу Марково Крувче и треба да се спои до местото на поранешниот хотел „Панорама“, на другата страна од Водно. Над Марково Крувче се познатите Маркови кули – градба што го идентификува Скопје со Јустинијана Прима. Патот за Сончевград практично ќе кружи околу нив.

Марковите кули (или град Чрнче) е тврдина – збег на градот Скопје, која лежи 4,5 км на југоисток од центарот на Скопје. Качена е на источниот крај на планината Водно, врз издаден и стрмен варовнички гребен. Оттаму се гледа целото Скопско Поле. Има челна триаголна кула. Со ископувањата од 1976 до 1980 година била истражувана стратиграфијата на слоевите и нивната хронологија, потврдена со монети од Јустинијан I до Ираклиј.

Откопани биле делови од обѕидието и седум кули, сондирани биле две големи цистерни за вода и делови од водоводната мрежа. Тврдината служела како главна заштита на жителите од рановизантискиот град што стоел во центарот на денешно Скопје.

Утрински Весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1