Градина со јагоди на вашата тераса


Графичкиот дизајнер Љупчо Михајловски, дел од тимот на Теа Модерна успеа да ја докаже дека одводните ПВЦ цевки можат да имаат и друга намена освен онаа која на сите нас ние добро позната. Сурфајќи на нет добил одлична идеја како својата мала тераса во скопската населба Хром, со малку пари, а многу повеќе умешност и волја да ја претвори во градина со јагоди, која импресионира со својот ненаметлив раскош.

jagodi-na-terasa-copy1Градината е направена од одводни ПВЦ цевки со дијаметар од 10 цм. Искористил две цевки од по 3м, и потоа редуцири од 5 цм на 10 цм, неколку колена, Т-спојки. Овие спојки ги вметнал со цел делот каде што излегува вишокот на вода да има поубав изглед на терасата

Материјалот употребен за целата градина вели дека не го чинел повеќе од илјада денари, се рабира без садниците и хумусот.

“Садниците можат да се најдат и за 10 денари по корен, но јас сепак зедов најквалитетни и најскапи – по 30 денари за корен. Сортата е таканаречена месечарка затоа што ако е се во ред јагодата раѓа постојано во текот на секој месец од мај до октомври. Хумусот за мојата градина чинеше околу 300 денари. Садниците во цевките се ставени на растојание од приближно 25 цм па испадна да во 4 цевки собра 36 садници. Имам уште неколку насадено во саксии, како резерва имајќи на ум дека може некоја од садниците да не се „фати“… но сите се фатија…, се пофали вештиот наш соговорник

Погледете ја фото галеријата и повеќе информации на migusto.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1