Од 1 мај нов директен лет Скопје – Рим


Од 1. мај 2014 ќе биде воспоставена нова редовна авиолинија Рим – Скопје – Рим. Станува збор за директен лет од аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим до аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, кој ќе сообраќа 7 пати неделно, односно на дневна база преку операторот „Алиталиа“.

alitalia„Алиталиа“ е најголемата авиокомпанија во Италија која опслужува повеќе од 98 дестинации во 44 земји, а за летот Рим – Скопје е особено важна поврзаноста на нивниот главен хаб – аеродром „Леонардо да Винчи“ со Северна Америка, односно Канада, особено градовите Њу Јорк и Торонто, каде ќе можат да се трансферираат патниците од и до Скопје.

Воспоставувањето на новиот лет до Скопје на дневна база е одлука на компанијата по извршената анализа за нови летови во регионот, каде, меѓу останатите земени предвид биле и аеродромите во Приштина и Загреб.

За реализацијата на директниот лет Рим – Скопје ќе се користат воздухопловите Airbus 320 и Embraer 175.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1