Градоначалникот на Врање на љубовницата и направил дете, па не сакал да го признае


Зоран Антиќ, градоначалникот на Врање, Србија, ја изневерувал својата сопруга Милена со Мирјана С. (31) од Врање, со која има и тригодишен син. Меѓутоа, како што пренесува српски Курир”, тој завршил на суд бидејќи не сака да го признае детето.

vranje gradonacalnikКако што изјавил анонимниот извор за весникот, тој не сакал да го признае детето бидејќи мислел оти неговата љубовница спие и со други мажи, а воедно, и да не пукне срам низ Србија и да се дознае дека тој веќе неколку години ја изневерува својата сопруга. Мирјана С., откако видела дека Антиќ нема абер да биде татко на нејзиното дете, го дала на суд и откако со ДНК тест се утврдило татковството, судот одредил детето да го носи неговото презиме.

За весникот целата таа приказна ја потврдил и адвокатот на неговата љубовница, Јован Алексиќ, и според неговите зборови, случајот бил завршен уште пред една година во корист на Мирјана откако судот го добил ДНК тестот.
– Точно е дека Мирјана го тужеше Антиќ и таа го доби спорот. Врз основа на ДНК тестот е утврдено и потврдено дека татко на детето е Зоран Антиќ – изјавил адвокатот.
Српски “Курир” се обидел да стапи во контакт со градоначалникот, но за жал, не успеале. Првиот пат им се јавил, но кога слушнал за што сакаат да разговараат со него, и дека го бара новинарка од Курир”, рекол дека е во гужва и оттогаш нема ни трага, ни глас.

Анонимниот извор за весникот кажал оти Милена Антиќ не можела да поверува во целата таа приказна. Тие имаат две деца, а најмногу ја повредило тоа што нивните деца сето тоа го прифатиле. Таа сакала да се разведе, меѓутоа нејзиниот сопруг многу паметно ја изиграл”. Преку своите врски ја ставил на висока функција, односно шеф на Ургентниот центар во Врање и оттогаш страста се смирила и тие повторно се среќно семејство, нагласил изворот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1