4 правила за среќа на Тибетанците – еве како да ги примените


Една од географски најизолираните култури на планетава можеби крие тајни за среќата кои сите ние останатите очајно ја бараме. Можеби делумно заради одалеченоста на земјата, тибетанците станаа чувари на длабоката и добро сочувана мудрост која модерната наука дури сега ја дознава, пренесува Бриф.мк.

tibet– Тибет најверојатно има најголемо богатство во древното контемплативно сознание, науката и мудроста околу тоа како да се влијае врз умот од надвор, рече за Хафингтон пост Џое Лоизо, одновач на Институтот Наланда за контемплативни науки. „Тибетанците имаат непрекинат тек на изразно знаење и за техничка експертиза… и во медицината и во психологијата“.

Раните индиски култури развиле јавен систем на тренирање на свесноста – вклучувајќи ја и традицијата за Хата јогата и тибетанскиот будистички тренинг на умот – за да овозможат вештините од контемплацијата и позитивноста сите да ги научат, објаснува Лоизо. Лоизо минал години учејќи со тибетански учители кои се во егзил во Индија и на запад, и е убеден дека тибетанската будистичка традиција – може многу да не научи како да живееме подобри животи.

Еве четири основни лекции од тибетанскиот будизам, кои можат да помогнат самите да си ја дофатите среќата.

Станете блиски со вашиот ум

Потребни ни се две главни нешта за да бидеме среќни, вели тибетанската будистичка традиција: целосно умна свесност и мила сомилост. Теоријата вели дека комбинацијата на внимание и пријатна љубезност – кои двете можат да се изградат преку контемплативна пракса како што е медитацијата – може да помогнат да го доведат умот во стадиум на најголема пластичност и ориентиран кон прогресот, и да го поттикне развојот на поголемата состојба на свесност, вели Лоизо.

Медитацијата – „тивката понизна работа која ја правите на дневна база“, вели Лоизо – е камен темелот на тибетанската контемплативна наука. Преку практикување на медитацијата, почуваме да ги надминуваме негативните мисли и постоечките емоционални одговори, и почнуваме да живееме од помирно, пофокусирано место, вели тој.

tibet_main-420x0– Над се, да се биде посмирен, поприроден и попросторен колку што е тоа можно. Излезете тивко од бучавата во вашето животно анксиозно јас, ослободете ги сите стеги, и опуштете се во вашата вистинска природа, советува Согјал Ринпоше во „Тибетанска книга на животот и смртта“, водич за медитација и тибетанска будистичка филозофија.

Практикувајте сомилост, во секој момент

Повеќето источни духовни традиции вклучуваат некој вид на практикување на сомилоста, или „милата љубезност“. Во будизмот, постои медитација за милата љубезност, мета бхавана, која вклучува испраќање љубезност кон себеси, кон саканите, кон членовите во заедницата, кон луѓето кои можеби не ги сакате, и на крајот кон сите живи суштества. Во тибетанската традиција, свештенците практикуваат тонглен, која се состои од вдишување страдање и издишување среќа, за да се намали болката и да се рашири мирот помеѓу сите живи суштества.

Тибетанците смислиле моќен начин на помагање на луѓето учејќи како да станат посомилосни отколку тоа кое сега се користи во западниот свет. Во едно истражување од Универзитетот Емори од 2012 година, се открива дека научената сомилост која произлегува од дрвенната тибетанска практика, може да ја засили емпатијата, а други истражувања покажаа дека медитацијата за милата љубезност може да ги засили позитивните емоции, и со текот на времето тие да доведат до попозитивни односи.

Поврзете се со другите кои го го поддржуваат вашето патување

Традиционалнте „три драги камени“ на будизмот се состојат од Буда (примерот), Дарма (патот) и Санга (заедницата). Во оваа традиција, заедницата е исто толку важна како елемент како и другите во среќното живеење, во целисходниот живот. Но пораст на среќата и задоволството е тешко да се оствари сам. Тоа бара подршка и љубов од другите, и чувство на припадност кон заедницата.

– Модерната невронаука ни покажува дека сме навистина поврзани за да бидеме екстремно социјални битија, вели Лоизо. „Посреќни сме и поздарави кога го правиме тоа на посветен начин… Мораме да научиме да се поврземе со другите со умствена отвореност и позитивност, и да се справиме со секојдневните пречки и опасни стрели, и преку работа врз нив да го одржуваме чувството на поврзаност кое е позитивно. Ова е нешто кое го практикуваме во духовните заедници“.

Мрежите за силна социјална поддршка исто така се поврзани со бројни бенефити по здравјето, меѓу кои се и пониските нивоа на стрес и продолжениот животен век.

Прифатете ја смртта – не се плашете од неа

Во западните култури, нашиот став кон смртта е воглавно карактеризиран со страв и негирање – и ова може, свесно или несвесно, да предизвика големо страдање во текот на нашите животи. Но централен апскет на тибетанската будистичка филозофија е вербата дека смртта треба да биде прифатена, и концептот дека умирањето може да биде „крунско постигнување“ на добро живеениот живот. Иако овој став произлегува делумно од силната верба во реинкарнацијата, не мора да верувате во животот потоа со цел подобро да ја прифатите непостојаноста на животот овде и сега. Тибетанците веруваат дека медитацијата може да ни помогне да се избориме со природата на животот и смртта.

Целата сторија на Бриф.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1