Градот апелира да не се палат огнови за празниците


Град Скопје апелира до граѓаните да се воздржат од палење огнови на отворено по повод прославата на божиќните празници со цел да се заштити животната средина и амбиенталниот воздух.

– Апелот е усогласен со градоначалниците на сите скопски општини кои решија да се откажат од доделувањето дрва од општините за оваа намена, со цел да се спречи дополнително загадување на воздухот во градот, стои во соопштението.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1