Градските автобуси од утре може да задоцнуваат на „Партизанска“


Од утре до 3 септември можно е забавување на јавниот превоз на булеварот „Партизански одреди“, од крстосницата со булеварот „8-ми Септември“ до мостот „Обединети нации“.

Како што информира Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, забавувањето е поради геодетски мерења и вадење кернови од Друштво за градежништво, промет и услуги „Геинг“.

– Автобусите и автобуските постојки ќе функционираат вообичаено, но можни се одредени застои поради условите на терен. Ги молиме патниците за трпение, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

Потсетуваме и дека линијата број 25 која сообраќа од Транспортен центар до Средно Водно ќе има измена во возниот ред, информираат од ЈСП.

„Терминот за поаѓање на автобусот предвиден во 8 часот, се менува, односно поаѓањето ќе се реализира во 7.30 часот. Промената во возниот ред ќе важи за време на викендите и државните празници. Измената во поаѓањето е по барање на планинарите и поради високите температури во летниот период. Останатите поаѓања се реализираат според важечкиот утврден возен ред“, се вели во соопштението.

Од таму потсетуваат дека во викендите и за време на државните празници, возењето со автобусот на линијата 25 е бесплатно за сите граѓани, а истото важи и за сродните лини 25А и 25Б, кои сообраќаат до Средно Водно, а тргнуваат од Стара железничка станица, односно од Дом на печат.

Истото се однесува и за линијата 28 која вози од Транспортен центар до Нерези (Македонско село).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1