Граѓани ќе си добијат по 2000 евра зошто се лизнале на неисчистен снег


Судот во Сплит донесе одлука градската управа на двајца граѓани да им исплати по 15.000 куни (околу 120.000 денари) бидејќи во 2002 година паднале и се повредиле на замрзнатите градските улици. Судот пресудил дека градот има обврска да ги исчисти улиците од снег и мраз, па оттука, тој е одговорен за повредите на овие граѓани.sneg

 

Градската управа се бранела дека граѓаните не биле внимателни, одговорноста ја префрлала на фирмата задолжена за одржување на улиците, па дури и на објектите пред кои граѓаните паднале. Сепак судот решил за двата случаи да досуди вкупна оштета од 50.000 куни, од кои 20.000 градот ги плаќа за судските трошоци.

Се уште нема информација колку луѓе го тужат градот Сплит за вакви повреди, но според статистиката, во 2012 на замрзнатите улици се повредиле околу 550 лица.

И низ македонските градови често се случуваат повреди поради неисчистените улици, но засега, немаме информации дека некој воопшто го тужел градот за тоа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1