Граѓани се организираат на Фејсбук – НЕ за придонесите за хонорари


На Фејсбук е формирана група од граѓани кои не се согласуваат со плаќањето на придонеси за авторските и договорите за дело, што треба да започне од Нова година.

Групата „НЕ за плаќање на здравствено и пензиско осигурување за хонорари“ досега ја поддржале над 4.000 граѓани, кои сметаат дека има многу нејасни прашања околу тоа како ќе функционира новата давачка.

honorarci-564x272

Кои ќе бидат казните, како хонорарците ќе ги плаќаат давачките ако им доцни хонорарот – ова се само дел од прашањата што ги поставуваат граѓаните.

Инаку, и дел од бизнисмените веќе искажаа несогласување со законското решение, па бараат тоа да се промени, а неговата примена да се одложи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1