Гласајте како да изгледаат плажите во Охрид


Ќе се уредуваат 120 метри плажа во населеното место Далјан, 120 метри плажа во близина на т.н. извиднички камп, 700 метри плажа на потегот од Студенчишко Блато до хотелот “Парк”, 500 метри плажа во Љубаништа и 120 метри плажа во местото Лагадин

Граѓаните ќе одлучат како сакаат да изгледаат плажите во Охрид. Министерството за транспорт и врски објави јавна анкета на веб-страницата, каде што преку електронско гласање граѓаните ќе одберат едно од четирите понудени решенија за изгледот на пет плажи во Охрид.

plaza ohrid

Станува збор за пет идејни решенија за уредување на една плажа со должина од 500 метри, на дел од Охридското Езеро која се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Свети Апостол Павле – Охрид”, на територија на општина Дебарца.

Целта на проектот е да се овозможи користење на водената површина како и можност за рекреација на предметната локација со што ќе се овозможи континурано користење на истата преку текот на целата година. Создавање атрактивен простор кој во себе содржи потенцијал да биде пандан на веќе постоечките понуди на Струшко-охридската ревиера, а и од особено значење за туристички и економски развој на општина Дебарца.

Плажата е предвидена да се изгради согласно највисоките туристички стандарди а особено внимание ќе се посвети, да не се наруши еко-интегритетот на околината.

Планирана е песочна површина која би се изнивелирала и попесочила со соодветен автохтон песок, да се почитува постојното зеленило и да се дооформи со автохтони видови, хортикултурно и партерно да се уреди со поставување на клупи, фонтани за питка вода, детски игралишта, пешачки патеки од монтажно – демонтажни материјали.

Изградба на сервисен пункт кој ќе се состои од шанк со кабина за музика со спецификација на опрема, место за озвучување, санитарен јазол, тушеви (согласно правилникот за минимално-техничките услови за вршење угостителска дејност), соблекувални, прирачна остава за чадори, лежалки и други реквизити.

Предвиден е простор за чадори за сонце и лежалки, на капалиштето да биде обележан просторот за капење во езерото со бови, заради заштита на капачите од пловни објекти, како и предвидено место за службата за спасување.

Откако ќе се изберат идејните решенија ќе се пристапи кон изработка на основните проекти, а потоа ќе се спроведе постапка за нивно уредување согласно изработените основни проекти.

По завршување на електронската анкета, Министерството за транспорт и врски ќе донесе Решение за доделување на награда и откуп на доставените идејни решенија.

За да ги погледнете предлозите и да гласате клик ТУКА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1