Владата ја вработи Соња Тарчуловска


Генералниот секретаријат на Владата се „поднови“ со нови кадри. Меѓу 20-те ново примени е и Соња Тарчуловска. Пејачката и сопруга на Јохан Тарчуловски, е избрана за самостоен референт во Владата, јави А1Он.

Во одлуката потпишана од генералниот секретар Кирил Божиновски, Тарчуловска е избрана за самостоен референт за административно технички работи во Генералниот секретаријат на Владата. Семејството Тарчуловски ќе се вклопува во духот на владината програма за многудетно семејство.

dokument

Медиумите објавија дека Тарчуловски очекуваат трето дете. Освен Тарчуловска, во Генералниот секретаријат се вработуваат и самостоен референт за заштита и податоци, советник за оперативна подршка, соработници и виши соработници за административни работи, за анализа и подготвување податоци за годишната програма, заунапредување на консултативниот процес, за односи со јавноста.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1