Граѓаните и компаниите се одзваа на апелите за хуманост


По апелите за хуманост и солидарност, покрај граѓаните, веднаш реагираа и поголемите македонски компании кои испратија пакети хуманитарна помош за жителите на населените места коишто се најпогодени од невремето што во текот на вчерашниот ден ја зафати територијата на Република Македонија.pomos poplava

Пакети со производи неопходни за населението во најпогодените подрачја веќе испратија Алкалоид, Кожувчанка, Андрос од Охрид, Пелистерка и Суна од Битола, Витаминка – Прилеп.
Хуманитарна помош е испратена и од Македонската православна црква и од Католичката црква.

Во основното училиште ,,25 Мај” е отворен дистрибутивен пункт за донација на вода, храна, кебиња и други потреби за жителите кои се погодени од катастрофалните поплави. Тимовите за проценка на штетата излегуваат на терен. Во училиштето ,,Наум Наумовски – Борче “ е организирано сместување за луѓето кои останале без своите домови.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1