ПОВТОРНО ДОЖД И ГРМОТЕВИЦИ : Жители на Синѓелиќ во страв ги напуштаат домовите


УХМР во текот на денот издаде прогноза дека се очекуваат нови врнежи вечерва, послаби од тие во текот на претходната вечер, но со оглед на тоа што почвата е веќе натопена со големи количини вода и нема да може повеќе да апсорбира, дури и малите врнежи можат да предизвикаат нови штети.NEVREME

Дополнителни 50 вакум пумпи носи вечерва Дирекцијата за заштита и спасување за собирање на водата во поплавените скопски подрачја. Пумпите се за Сингелиќ, Стајковци, Инџиково и Економија, а веројатно се веќе и распределени.

Во синоќешното невреме животот го загубија 21 лице, голем број се повредени, по шест се уште се трага, а причинети се и огромни материјални штети.

Надлежните институции се постајано на терен и преземаат максимални активности за санирање на состојбите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1