Граѓаните кои имаат потреба да пријават штета тоа да го сторат на бројот 195


Управувачкиот Комитет за справување со кризи веднаш одржа состанок по земјотресот во 15 часот и 10 минути, кој што беше најсилен. До завршување на состанокот, односно до 18 часот и 20 минути до отворениот телефон на Центарот за управување со кризи има некаде 80-тина јавувања, каде што досега граѓаните известуваат за околу 30-тина штети кои се настанати во рамките на нивните објекти, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев по состанокот.telefoni-itna-pomos-policija-cuk-pozarna

Би го повторил она кое што го кажаа сеизмолозите, а тоа е сите оние граѓани кои што имаат потреба да пријават определена штета, тоа да го направат на отворениот телефон 195 или пак на мејл на ЦУК, за потоа тимови кои што се предводени од ИЗИИС да ги посетат истите овие објекти и а направат потоа увид во степенот на оштетување на определениот објект. Покрај тоа што граѓаните ќе можат да ги пријавуваат своите потреби за присуство на стручни тимови, Управувачкиот комитет ги задолжи сите општински кризни штабови во градот Скопје, како и кризниот штаб на Град Скопје, да извршат паралелно обиколка на сите определени места во нивната општина, особено во проверка на патната инфраструктура, инфраструктурата во делот на водовод, канализација, рече Ѓорѓиев.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1