Над 300 илјади граѓани колку што се проценува дека годишно поднесуваат даночни пријави, во иднина нема да имаат обврска самите да ја носат пријавата на шалтерите во Управата за јавни приходи (УЈП).
Владата неодамна одлучи да го промени на начинот за пресметка на персоналецот и за поднесување на пријавите.
Според новите прописи, УЈП ќе има обврска да ги собере сите податоци за остварените приходи на физичкото лице и во електронска форма да му ги достави на увид за дополнение или исправка.
Секој граѓанин ќе има лозинка преку која ќе може да влезе во пријавата доставена од УЈП и да направи проверка на своите податоци.
Ако забележи дека во пријавата не се внесени некои од остварените приходи истите ќе може сам да ги додаде.
Новиот систем на поднесување годишна даночна пријави треба да почне да фунцкионира од следната година
Експертите сметаат дека на овој начин ќе се намали просторот за малверзации со даночните пријави и ќе се намалат турканиците на шалтерите на УЈП.