Градежната компанија „Гранит“ објави оглас за вработување на 670 лица, што ќе бидат ангажирани за изведување градежни работи на новите автопатишта Миладиновци – Свети Николе – Штип и Кичево – Охрид.
Компанијата има потреба од позициите градежен инженер, рударски инженер, раководител на градежна механизација, финансиски извршител, минер, работник на каменолом, градежни работници. (Ек.Р.)