Новите пратенички, Солза Грчева и Роза Топузова Каревска веќе го пријавија својот имот.
Солза Грчева има 110.000 евра на девизни книшки, на име на сопругот уште 60.000. Има 625.000 денари како побарување за извршена работа.
На свое име има стан во Скопје од 121 метар квадратен, на име на сопругот уште еден стан во Скопје од 72 метри квадратни. Во Ниќифорово има куќа за одмор, пишува А1Он.
Семејството има и две возила, Ситроен Саксо и Рено Меган.
Нејзината колешка Роза Топузова Каревска има стан во Скопје, а нејзиниот сопруг во Прилеп, Опел Астра и околу еден милион и петстотини илјади денари.
Грчева и Топузова Каревска влегоа во Собранието на листите на опозициската коалиција. Не го испочитуваа ставот за враќање на мандатите.
На сајтот на Државната комисија за спречување на комисијата го нема името на Љубица Буралиева.