Грчката „Иефимерида“ да објави кои се корумпираните новинари и медиуми


Здружението на новинарите на Македонија, Советот за етика во медиумите на Македонија и Независниот синдикат на новинари и медиумски работници вчера испратиле допис до грчкиот веб портал „Иефимерида“, кој овој месец објави информации дека грчката влада потрошила милионски суми за корумпирање на македонски медиуми и новинари.

Во дописот ЗНМ, СЕММ и ССНМ бараат од уредништвото на весникот да ги објави имињата на новинари и медиуми што наводно примале пари со цел да навиваат јавно за договорот од Преспа.

„Објавување нецелосни информации во врска со работата на македонските новинари го урива нивниот углед и довербата пред јавноста и во исто време претставуваат злонамерни шпекулации, кои можат да им служат само на политичките интереси“, се вели во соопштението од Здружението на новинарите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1