Грчки „Локумадес“ од скопскиот Спајдермен


Сите оние кои биле на грчките плажи не можеле а да не налетаат на продавачите на слатки крофни и останатите зашеќерени или со шербет прелиени слатки, попознати како „Локумадес“.  Ама знаете ли какво вчудоневидување следува кога наместо „обичниот локумадес продавач“ на плажата ќе го здогледате „Спајдермен“ со тацната крофни в рака! Децата остануваат во прашалници,  збунети со подзината уста, а возрасните мислат дека е скриена камера, пишува Вистина.мк.

И можеби нема ништо чудно во тоа доколку не знаете дека зад костумот се крие еден Македонец, или поточно скопјанец.

IMGP0855-487x650

Оваа работа ја работи веќе 6-7 години секое лето на плажата во „Олимпик Бич“ во Грција. Вели дека откако во Скопје останал без работа  животот го натерал и него и неговата ќерка ( која работи во еден од тамошните бутици) да тргнат во потрага по егзистенција. Идејата ја видел, ја пресликал и ја прилагодил на балканскиот менталитет, зошто токму балканците се најбројните туристи во овој дел од Грција. Во добрите месеци вели дека  може да се заработат од 600 до 900 па и 1.000 евра што е пристојана печалба.

Како и да е, доколку летувате во овој дел на грчкото крајбрежје и на плажа налетате на „Спајдермен“ со тацна крофни в рака, не плашете се , тоа  не е скриена камера.  Тоа само нашиот  „јунак“  си ја врши својата работа. Крофна или само фотографија со него, а зошто да не и обете?

Фото – Вистина.мк

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1