Грчки медиуми: Дениса паднала од бродот, потрагата трае (ФОТО)


Грчкиот портал Flashnews.gr објави фотографии на кои е прикажан хелокоптерот кој ја надлетува водната површина во потрага по 23 годишната Дениса Маркоска која исчезна од бродот на кој работела.gliser-500

Со три глисери и еден хеликоптер, критската полиција трага по Македонката. Интернет-сајтот Cruiselawnews.com уште пред пет дена објавил дека 23-годишна девојка паднала од бродот и е исчезната.

Кога пристигнал бродот во пристаништето Агиос Николаос, по пријавата на случајот од страна на капетанот, веднаш започнала акцијата за идентификација на исчезнатата девојка под координација на критската полиција, пренесува грчкиот медиум.heli-500

Според капетанот на бродот, нејзината трага се губи на отворено море додека бродот пловел од Карпатос до Касу во заливот Мирабело.

Што се случило со исчезнатата Македонка? – Дениса се бара и во морските води

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1