Таткото на Дениса: Ми го вратија нејзиниот куфер заедно со подароците што ни ги купувала


Таткото на 23-годишната Дениса Маркоска, која во петокот исчезнала на брод во Грција, Кире Маркоски сериозно вознемирен бара да се реши случајот, пренесува Утрински весник.

– Ми јави пред два дена капетанот на бродот дека ќерка ми исчезнала, веднаш пријавив во полиција, но од тогаш до денеска ништо не е преземено. Барам државата да се вклучи и да се пронајде ќерка ми – вели Маркоски.denissa

Колега на Дениса, вчеравечер, му ги предал на семејството нејзините лични работи, куферот, многубројни подароци, кои таа ги купувала во овој период додека работела на брод.

-Последен пат ја видел еден од колегите, на задниот дел од бродот, на палубата таа пушела цигара, тоа било во 3.00 часот, а таа веќе во 5.30 часот требало да биде на работно место. Но, до тогаш никој не ја видел, а телефоно и е пронајден на палубата на бродот. Работеше на овој брод две години, на истиот брод беше и брат и, па по него и таа почна да работи. Сите ги познаваше, беше безбедно, затоа е чудно за сите што се случи со ќерка ми, раскажува нејзиниот татко Кире за Утрински весник.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1