Офицерот на бродот: Сите Македонци се држеа заедно, Дениса никој не ја видел (НОВИ ДЕТАЛИ)


Офицерот на бродот Серенисими кој е од Хрватска вели дека нивните претпоставки се дека Дениса Маркоска се фрлила од бродот, но никој не го видел тоа ниту пак имало камери на палубите.

-Таа наводно е пријавена дека е фрлена и по неа има потрага. Видена е во 2 часот наутро , а потоа сите отишле да спијат. Никој оттогаш ја нема видено, беше ноќе и рано наутро. Штом е пријавена дека утрово не дошла на работа бродот е пребаран, 3-4 пати, целиот брод пребаран. Тоа е брод од 100 и нешто метри и не може таа да се сокрие, тврди за Канал 5 Иво Домљан, офицер на бродот Серенисима.

Serenissima2
Канал 5: -Тоа се само претпоставки дека самата се фрлила, може некој друг ја фрлил?
Домљан: Па, така е. Никој не ја видел. Таа утрово околу 7.30 или 8 часот не дошла на работа и тоа е се што знам. Потоа почна потрагата. Не е најдена, а на бродот нема камери. Има само една камера на влезот на бродот, а по целиот брод нема камери.

Семејството на Дениса било шокирано кога во понеделникот наутро ги добило работите на својата ќерка и кратко писмено известување дека компанијата „Волгадрим“ сопственик на бродот Серенисима жали за судбината на исчезнатата хотелска работничка од Прилеп. Во ова кратко обраќање нема никакви детали за начинот како исчезнала и како се одвива истрагата.

Канал 5 контактираше со семејството Маркоски, тие во Македонија бараат повеќе информации од надлежните во МНР, во Интерпол и од руската амбасада. Незадоволни се од истрагата. Велат дека имало многу нелогичности. Кога бродот пристанал на Крит, била известена грчката полиција. Додека стигнала таму, сите околу 110 патници биле пуштени да излезат од бродот на копно. Полицајците кога дошле зеле изјави од капетанот и екипажот и била отворена морска потрага по Дениса.

Но роднините со кои контактираше Канал 5 велат дека е чудно што не било проверени и патниците во истрагата, и зошто сите лични предмети на Дениса веднаш биле испратени во Македонија наместо да бидат проверени од истражните органи на Крит.

Шокот деновиве се зголемувал во недостиг на информации. Одговорните на бродот ја насочиле истрагата со своите претпоставки дека Дениса сама се фрлила иако никој не видел што се случило. На бродот имало повеќе Македонци.

Канал 5:-Дали некој друг можеби нешто и направил?
Иван Домљан, офицер на бродот Серенисима: -Па не би знаел. Навистина не знам. Сите Македонци се држеа заедно.
Канал 5: -Мислев некој од патниците можеби сторил нешто со Дениса?
Домљан: -Има многу од Македонија тука, речиси половина од екипажот се од Македонија.

Серенисима е брод изграден во Норвешка пред 54 години, а руската компанија Волгадрим  го купила пред две години. Оттогаш организира крстарења по Јадранот и Егејот, а и двете години сега исчезнатата прилепчанка работела на овој брод.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1