Греење на струја – клима, греалки? – еве што е најисплатливо


Најголем дел на нашите граѓани ќе користат дрво за да ги греат своите домаќинства. Но исто така постои голем број на домаќинства кој што ќе ја користат електричната енергија за догревање или пак за греење на своите објекти. Па да ги видиме кој се најдобрите опции за греење на електрична енергија.

ТА греалки или популарни ТА печки

Термо акумулационите печки (ТА) станаа синоним за греење на електрична енергија. Претпоставувам дека нема некое домаќинство во Македонија кое што во своите домови немаше (или се уште има) една ТА уред марка „Магнохром“, „Цер“, „Елинд“ и слични. Предност на ваков вид на греење на струја е во користење на поевтината ноќна тарифа – во ноќниот период таа ја акумулира топлинската енергија. ТА печките се разликуваат по својата моќност – грејачите кој што се поставени. Се движат од 2,5 до 6 kW.

Најголемиот недостиг  на овие уреди е нивната неефикасност – трошат големи количества на електрична енергија за да се добие топлинска енергија. Покрај ова, вториот недостиг е нивната големина и тежина. Исто така овие печки ја губат својата предност доколку имате еднотарифно броило. Во просек ТА печки се полнат 8h, но во поладните зимски денови овој број расти – поточно ТА печката треба да се надополни.

airconditionercomparison

Клима уреди

Другата опција за греење со помош на електрична енергија се клима уредите. Пред едно 15 години клима уредите претставуваа статусен симбол, но денес овие уреди претставуваат стандарден уред како за греење така и за ладење. Постојат два основна вида на клима уреди:

  • Клима уреди со инсталиран инвертор
  • Класични климатизери

Предностите на климатизерите е пред се нивната достапност – ниска цена, не зафаќаат голем простор и за разлика од ТА печките, да не зборуваме за нивната ефикасност, особено на климатизерите со инвертор – имаат поголеми коефициенти на заштеда (COP).

Други грејни тела

Другите грејни тела како што се: греалки, калорифери, маслени радијатори, кварцни греалки…. можат да се искористат за греење, но никако како главен извор на греење, туку повеќе за догревање на просториите.

Основната предност на овие уреди е нивната ниска цена, мобилност (лесно можат да се преместат од една во друга просторија) не зафаќаат голем простор. Основната мана на овие уреди е во нивната неефикасност и фактот да не можат да ја акумулираат топлината како ТА печките.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1