Набила Баката остана без зборови откако нејзината фотографија се најде во меѓународни весници минатата недела.
Нејзината фотографија се појави со наслов: Хасна Боулахцен, жената која се разнесе во Париз.Светските медиуми вклучувајќи ги и медиумите од регионот ја пренесоа веста за Мароканката Хасна Аитбулачен (26) жената самоубиец која го активираше експлозивот за време на полициската рација во Париз минатата недела.
Баката, која потекнува од Мароко, за CNN изјави дека нејзин поранешен пријател ги продаде нејзините фотографии на новинар.
„Тоа не е жената која се раснесе“, изјави Набила.
-Немам врска со тероризмот, изјавила Набила и додала дека нејзините фотографии му биле продадени на новинарот кој ги објавил.
Набила вели дека фотографиите биле снимени за време на нејзиниот престој во Франција.