Грк убил Албанец, го завиткал во ќебе и го закопал


Грчката полиција уапсила триесетгодишен Грк поради убиство на Албанец што го извршил на 18 септември, јави дописникот на МИА од Тирана.

pistol srednaУбиството се случило по меѓусебна расправија поради купопродажба на автомобил. Жртвата, 31 годишен Албанец, му продал автомобил на Гркот за 2.200 евра.

Албанецот добил 500 евра, а останатиот дел требало да му биде исплатен набрзо. На 18 септември, Албанецот отишол да се сретне со Гркот за да си го побара остатокот од парите.

Но наместо пари, добил два куршума во главата. Потоа убиецот го завиткал трупот во ќебе, ископал дупка зад куќата и го фрлил трупот во неа. На купениот автомобил му направил одредени модификации со цел да не го препознае полицијата. Но случката не останала на тоа. Убиецот целиот настан му го раскажал на полицаец, кој не превзел потребни мерки туку го засолнил во сопствениот дом. Полицијата го уаспила и својот колега за вмешаност во случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1