Гроб на француски новинар лечи од неплодност (ФОТО)


Гробиштата Пер Лашез во Париз се место каде што се закопани многу познати луѓе – Едит Пјаф, Оскар Вајлд, Џим Морисон, Шамполион. Овде почива и францускиот новинар Виктор Ноар, чиј што начин на умирање е прикажан на самиот споменик.

Busty_happy

Бронзената статуа на неговиот гроб стана голема атракција за женските посетители.

Легендата кажува дека лечи неплодност, помага за доживување на оргазам, па дури и обезбедува пронаоѓање на сопруг во рок од година дена.

За тоа да се оствари, постои ритуал кој што треба да се испочитува. Посетителки од целиот свет се радуваат на бронзената скулптура, која со години е атракција.

Ако сакате статуата да ви помогне треба по редослед да ја бакнете статуата во уста, па да ги протриете панталоните и на крај да ставите цвет во неговиот шешир.

Виктор Ноар е француски новинар од 18от век.

Бил убиен од Пјер Бонапарта, правнукот на императорот Наполеон, откако се обидел да го предизвика на дуел.

Според приказната, новинарот имал закажана свадба за наредниот ден. Неговиот гроб помага на суеверните туристки, кои што со години се восхитуваат на бронзената фигура.

Victor_Noir_good_luck

Busty_happy

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1