Гроб со злато во Охрид!


ВЕЧЕР ексклузивно дознава дека во Охрид ќе биде изложен гроб со злато! И тоа во таканаречената “Златна соба” во Куќата на Робевци, која ќе се отвори до крајот на годинава! Таму ќе бидат изложени сите златни предмети кои сега се во депоата на Завод и Музеј на Охрид, како Златната маска и златен накит, а гробот ќе биде изложен со целото злато најдено во него!

zlatna maska“Гробот ќе биде оригинал презентиран”, велат за ВЕЧЕР од Завод и Музеј. Останатите, над 400 експонати пронајдени при археолошките ископувања на локалитетите во Охрид и охридскиот крај ќе бидат сместени во повеќе витрини.

“Златната соба е веќе готова. До крајот на годинава ќе биде отворена”, вели директорката на охридскиот Завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Просторијата во која ќе биде изложена една од најскапоцените музејски поставки во Македонија ќе биде максимално обезбедена со најсовремена апаратура за заштита.Златната соба ќе ги има сите можни обезбедувања, видеонадзор, физичко обезбедување, аларм”, вели Бунташеска.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1