Гробницата на Александар Велики или на жена му Роксана и синот кај Аспровалта?


Археолозите што ископуваат во античкиот локалитет Амфиполис во северна Грција, се на праг на „извонредно важно откритие, изјавил грчкиот премиер Андонис Самарас откако денеска го посетил Амфиполис, известува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот „Екатимерини“ шпекулира оти можеби станува збор за местото каде се погребани Александар Македонски, неговата жена Роксана или пак нивниот син Александар IV.

amphipolis_390_1208– Сосема е сигурно дека имаме извонредно важно откритие – рекол Самарас по обиколката на локалитетот, односно ридот Каста, под водство на археологот Катерина Перистери.

Амфиполис е релативно блиску до познатото одморалиште Аспровалта, на потегот кон Кавала.

Археолозите веруваат дека ископувањата таму ќе разоткријат важна гробница. Според Перистери, ископувањата во последните две години во ридот Каста разоткриле уникатен гробен реон кој датира од последната четвртина на 4. век пр. н.е., односно од 325 до 300 година пр.н.е.

Според други грчки медиуми, пак, откриен е влез во импозантна гробница, до која води широк пат, а од двете страни биле поставени сфинги – митски битија со човечки, лавовски и птичји обележја.

„Катимерини“ пишува оти има шпекулации дека во гробницата е можеби погребан Александар Велики или пак неговата жена Роксана и нивниот син Александар Четврти. Таа и нејзиниот син биле погубени по наредба на Касандар, во екот на битките за превласт.

Древен Амфиполис бил основан како атинска колонија во 437 година пр. не. е. и бил освоен од Филип Втори во 357 година пр.не.е.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1