Американската Национална агенција за метеорологија објави студија која се темели на шестгодишно прибирање информации, од 2006та до 2012 година.Во тој период забележани се 238 смртни случаи на подрачјето на САД предизвикани од громови.
Посебно интересна е статистиката коа покажува колкав е процентот на удари од гром кај мажите и кај жените. Од вкупно 238 смртни случаи, утврдено е дека во 82% станува збор за мажи.
Со малку подетална анализа научниците дошле до неколку можни причини зошто оваа статистика е толку на страната на мажите. Имено, припадниците на посилниот пол многу често имаат потреба да се покажат како силни, па свесно ги игнорираат предупредувањата и опасноста од удар на гром. Тоа во голема мера се однесува на спортските активности, при кои мажите продолжуваат со играње дури и кога ситуацијата е многу опасна.