Убиен милионер – полицијата трага по неговата девојка


Откако во својата вила во Шпанија бил убиен британскиот милионер Ендру Буш, полицијата во потрага по неговата поранешна девојка Марика Кукучова.

milioner devojka48-годишниот Ендру Буш, кој стекнал богатство со продажба на злато, бил убиен со два куршуми во глава, наводно откако во куќата на плажа пристигнал со својата нова девојка.

Шпанската полиција сега трага по русокоса девојка на возраст од 20-тина години, со потекло од источна Европа, за која се верува дека е негова поранешна љубовница. Од местото на настанот најверојатно побегнала со автомобил марка Hummer.

Извори блиски на истрагата тврдат дека полицијата истражува дали неговата поранешна девојка со потекло од Словачка, Марика Кукучова, била во близина на објектот кога тој бил убиен. Веруваат дека таа со денови чекала на враќањето на парот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1