Од 1 јануари патарините во Грција ќе поскапат драстично, некаде и до 150 отсто по километар, известува грчкиот весник „И Ефимерида“. Ќе поскапи и најкористената патарина од Македонците – онаа по граничниот премин „Богородица – Евзони“, на која наместо досегашните 1,8 евра, ќе се плаќа по 3 евра за автомобил.
Дополнително, покрај сега познатите патарини, ќе се воведат уште 43 излезни наплатни рампи.
На излезот кај Аспровалта ќе се плаќаат 1,42 евра, а излезот за Кавала ќе се плаќаат 2,36 евра.
На наплатната рампа Тириа, меѓу Игуменица и Јанина, наместо досегашните 2,10 евра, отсега ќе се плаќаат 3,42 евра.
На вертикалните исклучоци кај Јеропиги ќе се плаќаат 2,36 евра, а на наплатната рампа што најмногу ги засега Македонците, онаа близу „Евзони“ патарината од досегашните 1,8 евра е зголемена на 3 евра.
На наплатната рампа Промахона патарината е непроменета – 2,4 евра.