Грција извиси – нема да биде дел од гасоводот „Јужен поток“


.. Нема да го градиме гасоводот за да биде празен, профитот од грците неможат да ги покријат трошоците за инвестиција, затоа нема да градиме таму, изјави Леонид Чугунов, шеф на одделот за менаџирање со проектот.

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ и официјално соопшти дека Грција е отстранета од плановите за изградба на гасоводот „Јужен поток“ кој се очекува да почне да доставува гас за Западна Европа во 2015 година, јави Миа.

Русите јасно дале на знаење дека цел на проектот се само пазари кои се во состојба да понудат значајна потрошувачка. Тоа не е случај со Грција или јужна Италија.

Сепак, извори од енергетскиот сектот тврдат дека заинтересираноста на „Газпром“ за грчкиот пазар на гас значи дека не можат сосема да се отфрлат плановите за враќање на Грција во проектот „Јужен поток“ во иднина.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1