Вработени во грчката државна радио и телевизија ЕРТ, која се очекува привремено да биде затворена, упаднаа во седиштето на ЕРТ во Атина.
Во моментов тие оддржуваат собир за ги утврдат натамошните активности, пренесоа руските медиуми. Претходно денеска грчката влада соопшти дека има намера привремено да го запре емитувањето на ЕРТ, за да ги исполни барањата на меѓународните кредитори за кастрења во државниот сектор.
Вработените во ЕРТ посочија дека нема да дозволат да се запре емитувањето на каналите на телевизијата, информираат руските медиуми.
Повеќето политички партии денеска ја осудија одлуката за затворање на ЕРТ, вклучувајќи и две од партиите од владината коалиција – Социјалистичката ПАСОК и Демократската левица ДИМАР. Планираното масовно отпуштање на вработените од ЕРТ ПАСОК го оцени како „незграпна, неподготвена и непромислена мерка“. Опозициската Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) ја покажа својата подготвеност за борба со владата за иднината на ЕРТ заедно со неговите вработени.
Комунистичката партија предупреди дека овој чекор на властите ќе има „сериозни последици за народот“. Владиниот портпарол Симос Кедикоглу денеска соопшти дека емитувањето на телевизискиот и радио сигнал на ЕРТ ќе запре утре рано изутрина.