Доцна синоќа грчките пратеници го усвоиа буџетот за 2013 со кои се предвидува нов бран на намалување на пензии и плати. Овој буџет беше услов за Грција да ја добие помошта од ЕУ и ММФ во висина од околу 31 милијарда евра.
И покрај масовните улични протести и противење на народот, парламентот со 167 гласа за и 128 против, го усвои буџетот.
Со пакетот ,,строги мерки на штедење,, кои е тежок околу 13.5 милијарди евра, Грција си го отвори патот Европа да и го одобри заемот, со што според зборовите на грчкиот премиер, ќе значи спас за земјата бидејќи без нив Грција со сигурност ќе отишла во банкрот.