Спомениците на плоштадот привлекуваат громови – мора да се постави громобран


Спомениците во центарот на градот привлекуваат громови и мора да биде поставен громобран. Како што пишува весникот Вест уште пред 5 месеци имало предупредување на опаснота од громови на плоштадот Македонија поради високите споменици.

Според весникот споменикот на Александар Македонски не е во опасност бидејќи има громобран, меѓутоа, доколку громот удри во него, во опасност се сите кои ќе се најдат во непосредна близина на споеменикот.

Градските власти сериозно го сватиле предупредувањето, за што говори и фактот дека во буџетот за идната година предвидени се 4 милиони денари за изведба на громобранската заштита.

Плоштадот Македонија на пролет ќе добие громобран.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1