Грција од денес со писма ќе ги предупредува оние граѓани кои префрлиле пари во странство


Грчкото Министерство за финансии ќе почне да праќа писма на околу 15.000 Грци за кои е утврдено дека префрлиле пари во странство без да им ги пријават на локалните даночни власти, јави дописникот на МИА од Атина.

Како што јавува „Катимерини“, не се пријавени околу пет милијарди евра и Владата се надева дека ќе собере 2,25 милијарди евра од 15-те илјади депоненти.

Од депонентите ќе биде побарано да поднесат дополнителна декларација за средствата во рок од три недели по приемот на барањето од Министерството. Депонентите кои ќе ги доведат во прашање податоците на Министерството за финансии ќе мора да обезбедат доказ дека нивните пари се веќе оданочени.

Во меѓувреме, финансиските обвинители Григорис Папонис и Спирос Музакитис оваа недела се очекува да ја добијат оригиналната верзија на информацијата за околу две илјади Грци кои имаат сметки во филијалата на ХСБЦ во Женева, а потоа ќе одлучуваат дали против некого од списокот ќе поднесат обвинение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1