100 лица загинале во сообраќајки годинава


Од јануари до септември годинава во сообраќајни несреќи животот го загубиле околу 100 луѓе за разлика од истиот период минатата година кога имало 113 жртви, покажуваат статистичките податоци.


Како најчести причини за сообраќајките  несреќи се посочуваат брзото возење, и непочитување на сообраќајните правила.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот сметаат дека се работи за алармантно висока бројка, иако од година во година се намалува, тие и годинава со низа активности ќе го одбележат Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи.

– За големи сообраќајни несреќи се потребни секунди на невнимание. Одбележувањето на овој ден има големо значење заради потсетување на граѓаните дека сите жртви можеле да се избегнат со почитување на сообраќајните правила и прописи. Се надеваме дека со одбележувањето на овој ден следната година ќе имаме помалку жртви, рече Тодор Јанев, портпаролот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот.

Бескрајна тага: 14 год дете загина, го удрил автомобил – таткото не сакал да се одвои од синот (Вознемирувачко Фото):

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1