Грција пред летните одмори ја посетиле 800 000 Македонци


Нешто помалку од 800 илјади Македонци во првата половина од 2015та ја посетиле Грција, а со тоа нашата земја се наоѓа на 4то место по бројот на пристигнувања од европските држави кај јужниот сосед, информира Канал 5.sanja-62--630x420

Во податоци објавени од грчката статистичка служба, од истражувањето спроведено од банката на Грција, Македонија е и меѓу првите 3 земји со најголемо зголемување на пристигнувањата во споредба со истиот период лани. Поконкретно, 794 648 Македонци ја посетиле Грција во првите 6 месеци, бројка што е за 37.8% од онаа од лани, додека пак од вкупниот број пристигнати туристи кај јужниот сосед, нашите се 10.5% или само 1.8% помалку од Бугарите кои што се на првото место.

Пред нас, освен источниот сосед, се и Германија и Велика Британија. За нешто повеќе од 220 000 Македонци е поголем бројот на нашите туристи оваа година во споредба со периодот јануари – јули 2014, со што нашата земја е на второто место во категоријата земји со најголемо зголемување. Пред нас е Бугарија, а зад нас Германија, Велика Британија, Романија и слично.

Во однос на начинот на кој Македонците преферирале да допатуваат во Грција, очекувано бројот е најголем со автомобил 791 810 – додека па потоа следат 1826 туристи кои стигнале по воден пат, 749 го користеле железничкиот сообраќај, а само 262 авионскиот.

Секако истражувањето се однесува на првата половина од 2015та, односно за периодот јануари јули, па така многу веројатно е дека овие бројки во следното истражување ќе бидат поголеми, со оглед на тоа дека ќе бидат вклучени летните месеци, јули и август.

И покрај тоа што во податоците се прави споредба меѓу 2015 и 2014, Македонија за прв пат официјално фигурира во статистичките податоци. Во минатото беше вклучена во графата останати земја, а одговорните за истражувањето за Канал 5 коментираа дека станувало збор за мала земја и затоа не била ставена посебно. Затоа е и комплетна енигма, колкав е бројот на Македонци кои во изминатите години ја посетиле Грција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1