Повеќе населби и села без вода поради технички зафат во Аеродром


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, информира дека денес ќе се изведува технички зафат за поправка на затворачи на водоводна мрежа во општина Аеродром. Интервенцијата ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на работите.90718_voda-iz-cesme_f

Без вода ќе останат корисниците од населбата Маџари, јужно од автопатот односно улиците Благоја Стефковски, населбата Хиподром и други и селото Студеничани.

Откако ќе се испразнат резервоарите, без вода ќе останат корисниците од високата зона во населбите Аеродром и Ново Лисиче, населбата Припор, селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол, населбите Усје, Пинтија и Драчево, селото Драчево, селата Батинци, Љубош и Моране.

Со намален притисок ќе бидат корисниците од ниските зони во населбите Аеродром и Ново Лисиче и населбата Маџари, северно од автопатот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1