Исповед: Нè продадоа за неколку долари, мајка ми ја силуваа пред мене (Видео)


“Пораснав во страв, мајка ми мѝ велеше дека не смеам ни да шепотам бидејќи и бубачките слушаат. Ѕидовите насекаде имаат уши”, рекла девојката.jeonmi-park-begalka-koreja-02

22-годишната Јеонми Парк, млада жена од Северна Кореја, која преку Кина и Монголија побегнала во Јужна Кореја, ја раскажала потресната приказна за теророт кој го доживувала во својата татковина. Бегалката од Северна Кореја, овие денови на манифестацијата “Жените во Светот” во Лондон, предупредила дека вистината за Ким Јонг Ун е далеку од било каква шега.

Таа побегнала од својата земја, а потоа ја раскажала својата тажна приказна, пренесува Telegraf.rs.

“Бев убедена дека семоќниот лидер може да ги чита моите мисли, дека ќе ме казни доколку помислам нешто лошо”, рекла таа и додала дека детството го минала во Северна Кореја додека таму владеел Ким Јонг Ил, но и дека граѓаните чувствуваат голема разлика меѓу двајцата лидери.

Девојката напишала автобиографија за своето детство и ја предупредила лондонската публика да не ја зема својата слобода здраво за готово.

“За мене Западот е рај, а Ким Јонг Ун е криминалец кој убил милиони луѓе. Се надевам дека не го доживувате како смешен лик”, рекла таа.

Девојката ја опишала репресијата која режимот ја спроведува во оваа држава.

“Пораснав во страв, мајка ми мѝ велеше дека не смеам ни да шепотам бидејќи и бубачките слушаат. Ѕидовите насекаде имаат уши. Повеќе од времето минувавме во глад, и луксуз беше само да размислуваме за било што освен за преживување. Кога немаше ориз, моите сестри и јас јадевме бубачки”, рекла девојката.

Кога наполнила 13 години, ја убедила својата мајка да побегнат во Кина, но ни таму не престанале нивните проблеми.
“Видов како ја силуваат мајка ми, кога а минавме границата ме продадоа за 265 долари, а мојата мајка за 65. Човекот кој нè купи не беше во можност да нè храни двете, па мајка ми подоцна ја продаде”, ја раскажува својата приказна Парк.

Девојката ја видела слободата дури кога наполнила 15 години. Бидејќи Кинезите сите илегалци ги враќаат во Пјонгјанг, Парк морала некако да дојде до Монголија, која го признава бегалскиот статус на луѓето од Северна Кореја, и најчесто ги праќа во Јужна Кореја, пишува The Guardian.

“Преку пустината Гоби ги следев ѕвездите кон слободата. Кога пристигнав во Јужна Кореја, сè блескаше. Дури и тоалетната хартија имаше цветови и мирисаше убаво. Не сакав да ја користам, беше прекрасна”, вели Пар.

Кога конечно пронашла дом, Парк станала “машина за учење”.

“Учев за светот, за вселената, за човековите права и достоинството. За работите за кои порано не сум знаеле баш ништо. Сè уште учам, не знам дали некогаш ќе научам што значи да се биде слободен”, вели Парк.

Tocka.com.mk

 

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1