Грција со потерница бара 2 Македонки – краделе кај ќе стигнеле


Грчката полиција извести дека е распишана потерница за две државјанки на Македонија, едната на возраст од 21, а втората на 35-годишна возраст, кои заедно со нивен пријател ограбиле продавници и локали во северниот дел на нашиот јужен сосед, објави грчкиот дневен весник Прототема.

Jail Bars and Cuffs 2009_3 lisiciНивниот 32-годишен „шеф“ од Македонија, според весникот, е уапсен вчера и денеска им е предаден на истражните судски органи во Кукуш.

Тројката од Македонија, постојано влегувала во Грција и откако ќе ограбела претходно маркиран објект, веднаш бегала во татковината. Засега за нив се знае дека ограбиле автомобил, две цркви, кафетерија, цвеќарница и продавница за техничка стока. Вредноста на украдените предмети надминува 8.000 евра.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1