Грција во пламен, беснеат 80 пожари


Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено, јави дописникот на МИА од Атина.

grcka-pozarГрчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва.

Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една станбена зона не е загрозена.

Пожарите избувнаа по првиот топлотен бран што ја зафати Грција од 24 јуни. Пожарникарите до сега не пронајдоа никакви докази дека огновите се подметнати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1