Грците бараат Република Македонија целосно да се избрише


Грците инсистираат на име за севкупна употреба, изјави денеска медијаторот Метју Нимиц во Скопје. Ова значи промена на Уставот и личните документи, односно Република Македонија целосно да се избрише, пренесува Курир.

nimic2Нимиц денеска не соопшти дека неговиот предлог е одбиен од грчка страна, откако вчера сите грчки медиуми јавија за средбата на Нимиц со Венизелос, истакнувајќи дека грчкиот дипломат на медијаторот уште еднаш му повторил дека неговиот последен предлог од април годинава не е прифатлив за Атина.

Немаме решение меѓу Македонија и Грција во врска со априлскиот предлог, изјави по средбата со премиерот Никола Груевски медијаторот во спорот за името Метју Нимиц, кој во Скопје допатува од Атина.

– Во Атина имаат два проблема во врска со мојот предлог – местопложбата на географската одредница и обемот на употреба на договореното име. Во Скопје, пак, добив став кој е во согласност со долгорочните стратегиски позиции на земјата, рече посредникот Нимиц.

Според него, не е спорно дека Македонија треба да стои во името, но грчката страна инсистира на она на што, вели, тој не инсистира, а тоа е севкупна употреба на договореното име што подразбира негова официјална употреба во институциите, во договорите, во ОН и во други меѓународни организации.

На новинарско прашање да го појасни грчкиот став во однос на севкупната употреба на името тој појасни дека тие бараат кога ќе се постигне договор за име тоа име да се користи и внатре во земјата.

После шест месеци, Нимиц во Скопје денеска јасно го кажа грчкиот предлог, име за севкупна употреба кое ќе значи менување на Уставот на Република Македонија и менување на личните документи.  Останува отворено прашањето дали сега аналитичарите и медиумите финансирани од фондацијата Сорос ќе имаат забелешки кон медијаторот Нимиц и Грција која категорично не попушта во преговорите и бара тотално бришење на Република Македонија.

Нимиц како неосновани ги отфрли шпекулациите дека како придавка е предложено името да содржи словенска и албанска Македонија.

Медијаторот на ОН денеска во Скопје се сретна и со шефот на дипломатијата Никола Поповски, а вчера беше примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Најави дека од Њујорк ќе продлжи да работи за решавање на спорот и ќе биде во контакт со преговарачите на двете земји.

Курир

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1