Грците бараат статуа на Александар Велики во Атина


Пратеници на владејачката грчка партија Нова демократија побараа во Атина на прометно место да се постави статуа на Александар Велики, јави дописникот на МИА

 aleksandar kniga
Пратениците бараат да се постави статуата што ја изработил скулпторот Јанис Папас во 1993 година и за овој чекор отворено се вели дека е поврзан со „националистичкото глорифицирање од страна на Скопје“.

Скулптурата на Папас ја купило грчкото Министерство за култура кога министерка беше Дора Бакојани, и и била доделена на Општината на Атина. Но, од тогаш , статуата е во магацин што ги поттикна пратениците да обвинат дека во Грција се „толерира“ небрежност и опструкција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1