Грците ја блокираа границата со Македонија – бараат поевтина нафта за домаќинство


Жители на грчкиот град Лерин ја блокираа денеска границата со Македонија со барање за поевтина нафта за домаќинство. Во 11 часот по локално време го затворија патот кон граничниот пункт Ники, а освен граѓани на протестот учествувале и трговци на гориво.


Демонстрантите изјавија дека на секој час ќе пуштаат по неколку автомобили.

Тие истакнуваат дека нивните дејствија се симболични и немаат за цел да создаваат проблеми на граѓаните, туку да испратат порака кон власта.

Жители на Лерин и Костур утре планираат да го преселат протестот во Атина, и најавија дека ќе ја гаѓаат со коцки мраз зградата на Парламентот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1