Скотланд Јард се продава – криза е требаат пари


Седиштето и главниот штаб на Скотланд Јард и на лондонската Метрополитен полиција ќе се продадат за да се инкасираат 500 милиони фунти, во следните 2,5 години, соопштено е денеска во Лондон, пренесе МИА.

Освен за заштеда на пари, раководството на најголемата полициска единица во Велика Британија смета дека за новите услови за работа на полицијата се потребни сосема поинакви и пофункционални простории, овие биле веќе стари.

Сегашната зграда на Скотланд Јард, во центарот на Лондон, е изградена во 1967 година и како и секоја стара зграда чини многу за одржување. Според информациите 11 милиони фунти се даваат за одржување, а за обнова се потребни дополнителни 50 милиони.
Предвидено е Скотланд Јард и Метрополитен полицијата да се преселат во помали простории, на Вајтхол, во близината на зградата на Парламентот.

Старата зграда на Скотланд Јард е и туристичка атракција, позната и популарна кај по големата табла, што постојано се врти.

Освен скотланд јард ќе се продаваат и голем број полициски станици низ британскиот главен град. Сега 32 илјади полицајци колку што има градот, се сместени во 700 полициски станици, бази за полициските патроли и гаражи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1