Грците јасни: Не сакаат име со терминот Македонија


Повеќе од половината Грци, или 56.5 отсто, посакуваат терминот Македонија да не биде вклучен во името на нашата земја, но само четири од 10 испитаници сметаат дека е изводливо решение без зборот Македонија, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Капа Research“ за грчката телевизија „Алфа“.

На прашањето, која е желбата на анкетираните за разговорите за името, 56.5 отсто одговараат „да не биде вклучен терминот Македонија“, 38.5 отсто се за компромисно решение со сложено име, а четири отсто посакуваат решение со било кое име.

– Мислам дека по последните случувања, по протестите и политичката дебата што се отвори, целосно е логична желбата терминот Македонија да не биде вклучен во името, вели генералниот директор „Капа Research“, Тасос Георгиадис, коментирајќи ги резултатите од истражувањето презентирано во централното издание на вестите на грчката телевизија.

Истиот процент испитаници што не сакаат терминот Македонија да биде вклучен во името (56.5 отсто) се и против предлогот Горна Македонија (напишано на македонски без превод, слеано во еден збор).

 

На прашањето „кои земји претставуваат опасност за Грција“, анкетираните одговориле: Турција 92.5 отсто, Албанија 47 отсто и Македонија 37 отсто.

Во истражувањето на Капа Research за ТВ Алфа, учествуваа 1.343 испитаници, а беше спроведено од 1 до 9 март преку телефонски интервјуа

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1