Грците лути на хотелите кои истакнале македонски знамиња во Халкидики


Повеќе хотелиери од Халкидики пред своите објекти, меѓу другите, истакнале и македонско знаме, што ги разлути нивните сограѓани и предизвика остри реакции од некои грчки организации.

grcijaНационалистичкиот информативен портал „Њузбомб“, на пример, пишува дека „приморските градови во северниот дел на Грција се преплавени од туристи од соседната земја кои провоцираат со налепници МК на своите автомобили, додека други ги оставаат ознаките ФИРОМ кои ги добиваат на граница, за да ги заштитат своите приватни автомобили“.

– Но она што е нереално, е трендот на некои грчки хотелиери да истакнат знамиња на Скопје“, пишува порталот.

Организацијата „Комитет на македонската борба“, која тврди дека нејзини членови се 3,5 милиони Грци од целиот свет, ги нападна хотелиерите од Халкидики нарекувајќи ги „бескрупулозни“ затоа што „истакнале провокативни знамиња во срцето на туристичката и единствена Македонија, со што прават голема услуга на иредентистичките пропагандни цели на Скопје“. Организацијата го повикува Здружението на хотелиери од Халкидики да побараат од нивните членови „кои ја изгубиле својата националната свест со цел да привлечат клиенти“, веднаш да ги отстранат знамињата на Македонија „од територијата на Грција“.

Во исто време, се повикуваат сите Грци „веднаш да ги откажат резервациите за тие хотели и преку социјалните мрежи да информираат зошто го направиле тоа“.

МИА

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1