Две момчиња од Скопје избодени во Охрид


Две момчиња од Скопје на возраст од 17 и 19 години се повредени во тепачка на две групи која синоќа се случила во Охрид.

nozОд полицијата информираат дека јавниот ред и мир бил нарушен од страна на две групи на млади лица кои меѓусебно се степале. Во тепачката убодни рани со нож им биле нанесени на скопјаните К.П.Т. (19) и Ф.К.(17).

Двајцата повредени биле пренесени во Медицински центар Охрид каде по извршена хируршка интервенција се задржани на лекување.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на настанот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1